Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 02/04/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Преподобниот маченик Јован и другите со него

Тие се од обителта на Св. Сава Осветен кај Ерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, а откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради страв од луѓето. Ако н ? убијат овде, ќе бидеме убиени заради нашата љубов кон Христа, заради Кого и дојдовме да живееме овде.“ И откако вака одлучија невооружени ги дочекаа Арапите, како јагниња волци. Некои од нив Арапите ги убија со стрели, некои ги затворија во пештерата на Св. Сава, па наложија на влезот оган и ги загушија со чад. И така многумина од нив завршија како Христови маченици и се преселија во Царството на Оној Кого Го љубеа. Чесно пострадаа пред Велигден 796 година во времето на царувањето на Константин и Ирина, кога ерусалимски патријарх беше Илија. Дивите напаѓачи наскоро ги постигна праведна казна. На враќање кон своите шатори се испокараа и изгинаа борејќи се меѓу себе. Ова се случи 796 година.

Тропар
Свети отци подвижници на кои, по Божјо благоволение, Сава свети е учител, покров и заштита, молете се за нас, о двети маченици, кои го празнуваме вашиот свет спомен, Оној на Кого вие се надевате, по вашите Молитви во животот земен да н? запази и во Царството Небесно да н? приведе.

Светата маченичка Фотина

Таа е жената Самарјанка која ја имаше ретката среќа да позборува со Самиот Господ Христос, на Јакововиот извор кај Сихем (Јован 4). Откако поверува во Исус Христос, таа тргна да го проповеда Евангелието заедно со своите двајца синови Виктор и Јосија и со петте сестри, коишто се викаа: Анатолија, Фота, Фотида, Параскева и Киријакија. Тие дојдоа во Картагена во Африка. Но во времето на царот Нерон ги осудија и ги доведоа во Рим, па ги фрлија во затвор. По Божја Промисла Домнина, ќерката на Нерон, дојде во допир со Света Фотина и ја прими Христовата вера. После затворот сите пострадаа за Христа. Фотина ја фрлија во бунар и таму го заврши земниот живот влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.

Тропар
Торжествува Небесата денес, о Фотино, славна великомаченичке, Христос Спасителот во Своите раце те имаше, поттикнувајќи те на подвиг што разумот го надминува, која ти исполнета со благодат храбро го издржа, и пример стана за останатите маченици, за да се велича и прославува Името Господово во вселената, за наше спасение и милост пред Него по твоите свети молитви.

Кондак
О Самарјанко, која смелост имаше вода да побараш од Изворот на Животот, о залутана кошуто која Патот го пронајде до Царството Небесно, добра земјо за Христовата вера постана, и патоказ со крвта твоја осветен се постави во домостројот на нашето спасение. Фотино – истоименито светило Христово!