Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 15/05/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Свети цар Борис-Михаил Покрстител

Рoдeн и вoспитан какo нeзнабoжeц, Бoрис сe крстил пoд влијаниe на свoјoт стрикo Бoјан и свoјата сeстра. На крштeниeтo гo дoбил имeтo Михаил. Патријархoт Фoтиј му испратил свeштeници, кoи пoстeпeнo гo пoкрстилe цeлиoт бугарски нарoд. Мнoгу гoлeмци вo Бугарија сe прoтивeлe на нoвата вeра, нo таа пoбeдила и крстoт блeснал на мнoгу храмoви штo ги пoдигнал благoчeстивиoт цар Михаил. Вeрата мeѓу Бугаритe, какo и мeѓу Србитe, ја утврдилe oсoбeнo пeттoчислeницитe Oхридски, учeницитe на свeтитe Кирил и Мeтoдиј, кoи науката Христoва на нарoдoт му ја прoпoвeдалe на нарoдeн, слoвeнски јазик. Михаил сe замoнашил вo старoста и сe пoвлeкoл в манастир. Нo, кoга нeгoвиoт син Владимир пoчнал да гo расипува таткoвoтo дeлo и да гo сузбива христијанствoтo, Михаил сe oблeкoл пoвтoрнo вo вoјвoдска oблeка, припашал мeч, гo симнал Владимир oд прeстoлoт, па гo пoставил пoмладиoт син Симeoн. Пoтoа пoвтoрнo ја oблeкoл мoнашката риза, сe пoвлeкoл вo тишина кадe вo пoдвиг и мoлитва мирнo гo завршил зeмниoт живoт „вo благата вeра, вo правилнoтo испoвeдувањe на нашиoт Гoспoд Исус Христoс гoлeм, чeсeн и благoвeрeн“, и сe прeсeлил вo нeбeсниoт живoт на 2 мај 906 гoдина.

Тропар
Денес го празнуваме споменот на благоверниот кнез Борис и го прославуваме претставувањето на преподобниот Михаил во монасите, осенети со неговото благодатно застапништво, умилно вознесуваме молитви кон него: покри не со покровот на твоето застапништво и избави ги твоите луѓе од секое зло, молејќи го Христа Бога, Кого си Го возљубил со сета душа, да ги спаси душите, кои тебе, оче, верно те почитуваат!

Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Тропар
Ти си бил столб на Православието, утврдувајќи ја Црквата со божествените догмати, свештеноначалнику Атанасие; проповедајќи Го Синот, Кој е едносуштен на Отецот, си го посрамил Ариј. Преподобен оче, моли Го Христа Бога, да ни дарува милост голема.

Кондак
Откако го насеа православното учење, го исече трњето на погрешното учење и го умножи семето на верата, со Духот поросено. Затоа те воспеваме, преподобен Атанасие.

Светите маченици Борис и Глеб

Синови на великиот кнез Владимир, којшто го покрсти рускиот народ. До Крштението Владимир имаше многу жени и деца од нив. Борис и Глеб беа браќа од една мајка. Пред смртта Владимир им ја раздели државата на сите свои синови. Но најстариот син, Свјатополк, кнез Киевски, посака да ги земе и деловите што им припаднаа на Борис и Глеб. Затоа испрати луѓе, па на едно место го уби Борис, а на друго Глеб. Овие давјца браќа беа необично побожни и во с ? богоугодни и ја сретнаа смртта со молитва и со срце воздигнато кон Бога. Нивните тела останаа нетлени и благоухани и беа погребани во Вишгород, каде што до денес од нив исходи благодатна сила, исцелителна за маките и болестите кај луѓето.

Тропар
Денес секоја душа на верните се весели, при пренесувањето на чесните ваши мошти, Борисе и Глебе: слепи прогледуваат, неми усти се одврзуваат, и неволните се утешуваат: бидејќи примивте од Христа Бога исцелителна благодат, молете се за нашите души!

Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул

Во времето на царот Адријан (117 г. – 138 г.) незнабожецот Катал ги купи како робови овој Еспер, жена му Зоја и нивните синови Киријак и Теодул. Бидејќи беа убедени христијани, никако не сакаа да вкусат од идолските жртви, а она што им се даваше од нив за да го јадат им го фрлаа на кучињата, додека самите гладуваа и трпеа. Кога дозна за ова Катал се разгневи и почна тешко да ги измачува овие свои робови. Најнапред ги мачеше децата, но децата останаа непоколебливи во верата, па дури и бараа од мачителот потешки маки. Најпосле сите четворица ги фрли во огнена печка, во која вознесоа благодарствена молитва и Му го предадоа духот на Господ. Нивните тела останаа цели и неподгорени од огнот.

Тропар
Киријак и Теодул свети, како млади изданки напоени со благодат која ги ороси главите нивни, ја пробудија верата во Зоја, мајка им благочестива, и Еспера, која слобода само во Христа бараше, па сите заедно во Тебе, Господи, маченички засветлија, останувајќи недопрени од овој свет. По нивните молитви, Спасе, спаси ги нашите души.