Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 23/05/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Светиот апостол Симон Зилот

Еден од Дванаесеттемина (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен Ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го проповеда Евангелието во Мавританија во Африка. Откако успеа мнозина да ги обрати во верата Христова, беше мачен и најпосле распнат на крст како неговиот Господ, Којшто му приготви венец на слава во бесмртното царство.

Тропар
Надминувајќи ја плотската зависност, нозете Спасителеви ги прегрна, и по стапките Негови поита, о Симоне, велики ревнителу, Христов ученику, не само што чашата Негова ја испи, туку докрај и Крстот го вкуси, о учителе на трпението, моли се сега за нас пред Христа Бога, од престолот на дванаесетмината, за и ние да го пречекаме Женикот, со палмови гранчиња и избелена одора.

Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин

Родени браќа, синови на некој кнез Виталиј во Јужна Италија. Прекрасни во благородството, силни во верата. Судени за верата во Христа; водени од еден судија до друг, од еден мачител до друг. Одведени во Сицилија и таму убиени во времето на царот Ликиниј. На Алфеј му го отсекоа јазикот. Од излив на крвта Алфеј умре. Филаделф беше изгорен на железна леса, а Кирин во оган. Нивните нетлени мошти беа пронајдени во 1517 година. Овие тројца браќа ? се јавија на Света Евталија (под 2 март).

Тропар
Како да ве восфалиме маченици свети Алфие, Филаделфе и Кипријане, не знаеме, но благодарност за вашите молитви пред Бога принесени за наше спасение искажуваме, и се поклонуваме на вашите за верата чесни страдања, кои Христа Го исповедаа и докрај трпение покажаа во слава Негова.

Преподобна Исидора Јуродива

Живееше во 4 век и беше монахиња во женскиот манастир во Тавенисиот. Се правеше луда за да ја скрие својата добродетел и својот подвиг. Ги работеше највалканите работи, се хранеше со помии од садовите, ги услужуваше сите и секого и беше презирана од сите и од секого. Во тоа време ангел Божји му ја откри на еден голем подвижник, Питирим, тајната за Исидора. Питирим дојде во женскиот манастир и кога ја виде до земја ? се поклони. Тогаш сестрите му кажаа на Питирим дека таа е луда. „Вие сте луди“, им одговори Питирим, „а оваа е поголема пред Господ и од мене и од вас. Јас само Го молам Бога да ми го даде мене она што нејзе ? е одредено на Страшниот Суд“. Тогаш сестрите се засрамија и ги молеа Питирим и Исидора за прошка. Оттогаш сите почнаа да ? укажуваат чест. А таа, за да ги избегне почестите од луѓето, побегна од манастирот и не се знае каде умре, околу 365 година.

Тропар
Ангел Божји помеѓу луѓето, кој со срцето од Бога не отстапи, девственичке света, обрезана заради Небесното Царство, света Исидоро, моли се за нас, сиромавите, кои не се удостоивме да ги видиме стапалките твои, кои итаат кон Небесните висини.

Блажената Таиса

Богата девојка, христијанка, во Мисир. Се реши да не стапува во брак, а имотот им го раздаде на пустинските монаси. Кога го потроши сиот имот, се предаде на развратен живот. Монасите, кога слушнаа за ова, го замолија авва Јован Колов, па тој појде во Александрија и почна да плаче пред Таиса. Штом го чу старецот како плаче за нејзините гревови, веднаш се покаја и ја остави куќата и воопшто с ? , па тргна во пустината по Светителот. По патот ноќе, кога таа спиеше а Јован стоеше на молитва, тој ги виде ангелите како ја зедоа нејзината душа во голема светлина. И позна Јован дека нејзиното миговно но топло покајание Му беше поугодно на Бога од долгогодишното надворешно покајание на мнозина отшелници.

Тропар
О, блажена мајко, покајание пресвето кое светлоносен знак од Небото измоли, Таисо, примеру неодминлив за оние кои да плачат не знаат. Моли се за нас, горделивите, Христос мир и покој да даде на нашите души обременети.