Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 06/07/2022

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Светата маченичка Агрипина

Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, с ? дури не ? ги скрушија коските. ? се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ? ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.

Тропар
Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку и од заробеноста светска која кон тебе иташе, о јагне Христово Агрипино, света девственичке, твоите молитви да бидат темјан пред престолот Божји, за спасение на родот човечки.

Светите маченици Евстохиј, Гај и другите со нив

Евстохиј беше идолски жрец во времето на царот Максимијан. Гледајќи го херојството на христијанските маченици го отфрли незнабоштвото и се крсти. Го крсти самиот епископ Антиохиски Евдоксиј. Потоа Евстохиј полека ги обрати сите свои роднини во Христовата вера. Гај му беше роднина и се крсти заедно со тројцата младенци: Пров, Лолиј и Урбан. Сите овие, а уште и други со нив, беа изведени пред суд, мачени и искасапени заради верата во Господ Христос, во Листра. Нивните души се преселија во бесмртното Царство Христово.

Тропар
Евстохие свет, саду на Божјата благодат, Христос ја посети душата твоја и срцето го подигна за сведоштво маченичко, од кое се исползува Гај, кој татковски покров непоколеблив на верата, за Лолија, Прова и Урбан постана. Небесата сите вас со венци нетрулежни и радост неодминлива ве дочека, а ние ве чествуваме денес, на вашите свети молитви надевајќи се.

Споменот на Владимирската икона на Пресвета Богородица

Кога татарскиот цар Ахнет ја опколи Москва, кнезот Јован Василевич тргна со војска да ја брани Москва. Иако војската на овој кнез беше малубројна и послаба од војската татарска, сепак таа излезе победоносна. Зашто навали одеднаш неопислив страв на Татарите, та се збунија и се разбегаа. Овој неочекуван успех сите ? го припишуваа на иконата на Пресвета Богородица пред којашто народот се молеше за избавување од Татарите. Заради ова во Русија е одреден за спомен на ова чудо денот 23 јуни.

Тропар
Денес градот Москва, кој прославува, светло се украсува примајќи ја како сончев зрак, Твојата чудотворна икона; кон Неа сега притекнувајќи и Тебе молејќи Ти се, повикуваме: моли се на воплотениот од Тебе, Христос нашиот Бог, да го сочува овој град и сите градови и земји христијански, неповредени од сите замки непријателски, и да ги спаси душите наши како Милостив.

Повест за покајанието на Теофил

Од завист кон епископот, Теофил му ја предаде душата на ѓаволот и на хартија се одрече од Христа и од Богородица. Но потоа горко се покаја, по четириесетдневен пост и солзливи молитви, плачејќи испроси прошка од Светата Пречиста и ја прими назад напишаната хартија што му ја беше дал на ѓаволот. Јавно го исповеда својот грев во црквата пред епископот и народот. И кога епископот му изрече простување и го причести, лицето на Теофил заблеска посилно од сонцето. Тој е пример дека Бог не само што им ги простува гревовите на вистинските покајници туку и ги вбројува меѓу светителите.

Тропар
Благословен си Ти, Христе Боже наш, Кој несовладливото оружје – покајанието го предаде во рацете човечки, неразбирливо за непријателите, прославувано од Ангелите и достојнославна мудрост на Светиите. Радувај се, Теофиле, кого Бог до крај на смрт не го предаде, туку преку Пресветата достојно покајание допушти, за твојата душа да се излечи и лицето благодат светла покажа.

Света Саксбурга

Света Саксбурга била кралица на Кент, која имала неколку сестри кои подоцна биле прогласени за светителки. Основала манастир, каде што нејзината ќерка Ерменилда живеела како монахиња. Подоцна стапила во манастирот во Или, каде нејзината сестра Етелдреда била игуменија. Кога се упокоила сестра ?, света Саксбурга станала игуменија на манастирот. Се упокоила во Господ во 699 година, а нејзините мошти биле пронајдени нетлени.