Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 26/07/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Светиот Архангел Гавриил

Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“. Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеј кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата на Постанокот; кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на Света Ана кога ? благовестеше со ветувањето дека ќе Ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски; кога му се јави на првосвештеникот Захариј и го извести за раѓањето на Св. Јован Предвесник и за казната на немост што ќе го постигне Свети Захариј затоа што не им поверува на зборовите на архангелот; кога повторно ? се јави на Пресветата Дева во Назарет и ? благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос; јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем; Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.

Тропар
Водачу на небеските војски, ние недостојните секогаш те молиме, со твоите молитви да н? оградиш под кровот на крилјата на твојата слава бестелесна, пазејќи н? нас, кои грижливо ти се приклонуваме и повикуваме: Од неволји избави н?, како началник на вишните сили.

Кондак
На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гавриле, на Божјата слава служителу, и на светот божествен бранителу, спасувај и чувај ги оние што ти повикуваат: Самиот ти биди ни помошник, и никој ништо не ни може.

Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија

Некои мислат дека овој светител не е некој друг туку Симон лепрозниот, кого што го исцели Господ. Светиот апостол Петар го постави за епископ и го испрати во незнабожечката Галија, каде што Свети Јулијан претрпе големи неволји, но успеа да обрати во Христовата вера многуброен народ. Кога го крсти кнезот Дефенсон, тогаш мнозина поданици на овој кнез се приклонија кон вистинската вера. Со благодатта Божја правеше големи чуда: исцелуваше болни, изгонуваше демони и воскреснуваше мртви. Животот го заврши мирно и во времето на својата смрт му се јави насред бел ден на кнезот Дефенсон додека овој седеше на ручек.

Тропар
Велик си ти меѓу епископите, о Јулијане, слуго на Бога Живиот. Од Петар првоврховниот на проповед испратен, од Христа Спасителот со благодат исполнет, на апостолски подвиг закрепнат, светлината Господова која сите ги просветлува, ја донесе во пределите Галски. За нас моли се сега ти, свет чудотворче, од рајските предели, да се спасат нашите души.

Преподобен Стефан Саваит

Братучед на Свети Јован Дамаскин. Се подвизуваше во манастирот на Св. Сава Осветен, по што и е наречен Саваит. Голем подражател на животот на Свети Сава и блескава ѕвезда меѓу палестинските монаси. Се упокои во Господа во 794 година, во шеесет и деветтата година од животот.

Тропар
Добрата лоза подвижничка, изнедри уште еден созерцател на Божјата слава, кој молитвеник непрестаен, на усните го накалеми името Господово. Затоа, Стефане, свети подвижниче, црквата земна твоите молитви пред Бога ги проси, за спасение на родот човечки.

Преподобна Сара Мисирска

На подвиг тргна како девица и шеесет години се подвизуваше на брегот на реката Нил, недалеку од Александрија. Со својот пример привлече кон монаштвото многубројни жени. Се упокои во Господ во 370 година.

Тропар
Мајко блажена, која Го спозна Патот не вртејќи се ни лево ни десно, Бога мудрувајќи смртта секогаш беше пред очите твои, о Саро света подвижничке, а Он оставајќи нe на твоите свети молитви, Небесно Царство ти подари.