Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 06/09/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Светиот свештеномаченик Евтихиј

Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник ангел. Во затворот примаше небесен леб од ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, но најпосле го убија со меч во Севастопол.

Тропар
Кадилница на апостолите Јован и Павле, саду Христов миомирисен, Евтихие рамноапостолен, ангел пред тебе патот го отвораме, Духот во тебе Христа Го сведочеше, животот во Христа двоен венец ти донесе, спомни н? и нас во твоите молитви, принесени за спасение на родот човечки.

Светиот маченик Татион

По потекло од Мантинеја, близу Клавдиопол во Витинија. Страдаше во времето на Диоклецијан. После големи мачења жив го зарија во земја и така ја предаде душата на Бога.

Тропар
Венецот на победата ти беше испратен од Христа Бога со глас од небесата за мачеништвото поднесено, верата непоколеблива исповедана и сведоштвото за Господовата вистина, о Татионе свет, застапи се за нас сега пред Оној Кој тебе те удоми.

Светата маченичка Сира

Роднина на Св. Марија Голиндуха (12 јули). Персијанка, од градот Хирхаселевкос, ќерка на голем жрец огнопоклоник. Воспитана во незнабоштво, девицата Сира дозна за Христос од некои бедни жени христијанки и нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ. Еднаш кога боледуваше, а додека с ? уште не беше крстена, побара од христијанскиот свештеник прав од црквата, но тој како некрстена ја одби. Тогаш таа со голема вера се допре до одеждите на свештеникот и оздраве. Тоа чудесно исцеление уште ја доутврди во Христовата вера. Но нејзиниот бездушен татко ја предаде на измачувања, при што беше охрабрувана со небесни виденија. Ја удавија насилно со коноп и ја потопија во вода, во 558 година, во времето на персискиот цар Хозрој I, а во осумнаесеттата година од нејзиниот живот. Така оваа Света девица го заврши патот на земјата и се пресели во ангелските престојувалишта на небото.

Тропар
По ликот твој трагаме денес, Христова света маченичке Сиро, по ликот озарен на благодатта Господова, осветлен од солзната молитва, ликот кој се удостои Бога да Го види и од Него помош да добие. Моли се за нас, света девице и благодатно поведи н? на патот спасоносен.

Преподобен Арсениј Комељски

Родум од Москва, од род на големци. Како момче стапи во монаштво во обителта на Св. Сергеј Радоњежски. Бидејќи беше примерен монах, го избраа за игумен. Но тој жеднееше за молитвена осаменост и се оддалечи во Комењската шума, каде што се подвизуваше до смртта, борејќи се храбро со големите демонски искушенија. Се упокои во Господ во 1550 година.

Тропар
Пастиру преподобен, Арсение свети, зборови за живот вечен: „да се љубите еден со друг“, знамение станаа на пустинскиот устав, кој ти облагодатен од Христа Бога како омофор го разви над обителта монашка. Радувај се, оче преподобен, кој во осаменост ја доби полнотата на Христовата благодат и за нас моли се пред Небесниот Цар.

Свети Георгиј Лимниот (Езерски)

Исповедник. Голем подвижник Олимписки. Пострада на старост од деведесет и пет години, во времето на иконоборството, во 716 година.