Светиот маченик Никита
Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита с ѐ посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Св. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во којшто маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар Маријан го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде што му изгради црква на Св. Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.
Тропар
свети никито моли го Бога за нас
Преподобен Филотеј
Од селото Мирмикс или Марвин, во Мала Азија. Мајка му го носеше истото име, само превртено: Теофила. Тој беше презвитер и уште за време на животот голем чудотворец. Во една прилика претвори вода во вино, другпат умножи леб. Се упокои во Господ во 10 век. Моштите се пројавија како мироточиви.
Тропар
Благочестив учителу, застапниче на вселената пред одарот на слободата, презвитеру и чудотворче, Филотее свет, кој живот духовен имајќи, го доби заветот на љубовта, и Христос нашиот Бог преку тебе ја покажа силата на милосрдноста, од која и ние денес плодови по твоите молитви во изобилие добиваме.
Светиот маченик Порфириј
Родум од Мимос, актер. Најпрво пред царот Јулијан Отстапник ги исмеваше христијаните. Така еднаш исмевајќи ја христијанската тајна на Крштението на сцената се потопи себеси во вода, изговарајќи ги зборовите: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!“ Кога излезе од водата возвикна: „Сега сум христијанин!“ Сите мислеа дека се шегува како глумец, како и секогаш, но тој остана на своето, престана да ги исмева христијаните и најпосле пострада за Христа. Обезглавен во 361 година, се пресели во Царството Небесно.
Тропар
Името Господово не може да биде посрамено, во тајните на љубовта Негова, о Порфирие свети мачениче, кој по Негово благословение ја позна силата благодатна на избавувањето, која Господ ја принесе за наше спасение. Затоа исповедник Негов стана, и венец како награда небесна прими, за и ние денес молитвено на ревноста твоја се надеваме.
Светите маченици Теодот, Асклијад и Максим
Трачани прочуени по потеклото. Пострадаа за Христа близу Филипопол во селото Салтис (помеѓу 305 и 311 година). Оттогаш се преселија во Царството Небесно.
Свети Висарион, архиепископ Лариски чудотворец
Основа манастир на Спасителот во Лариската епархија. Прославен со чудотворноста за време на животот и после смртта.
Тропар
Грижлив пастир на сиромасите, благодатен помошник на болните, заштитник на угнетените, Висарионе свет, Господ Бог со чудесна сила те обдари за народ кон Него да се поврати и спасение по твоите молитви да пронајде, во слава на Еден во Троица и чест твоја.
Светиот новомаченик Јован Критски
Пострада за верата во Христа од Турците во Ефес во 1811 година.
Тропар
Надежта твоја на Христа ја положи, о Јоване новомачениче Господов, и Тој исповедник на верата те направи, закитувајќи те со венец на надеж во Неговото милосрдие. Вината твоја пред светот победа се покажа кога Патот и Вистината ги избра, и затоа сега ликувајќи на Небесата, моли се и ние да најдеме мир при Господа.
Св. Јосиф, епископ Алавердски
Еден од оние дванаесет отци сириски (под 7 мај) коишто беа упатени да го проповедаат Евангелието во Кавкаските предели. Свети Јосиф мирно се престави кај Господ во 570 година. Чудотворните мошти му почиваат во Алавердската соборна црква.
Наоѓање на моштите на светиот Христов архиѓакон Стефан
...
Тропар
Изнедри земјата семе за спасение благословено од Христа Бога, објави Небесата за светило кое благодат раширува и на непријатели простува, се зарадува срце во човека, воскликна душа кон светија: о Стефане, првомачениче Господов, за нас спомни си, ти кој не н? остави, и твојата молитва Господа нека Го умилостиви за наше спасение.