Светата великомаченичка Ефимија
Родум од Халкидон. Татко ? беше сенаторот Филофрон, а мајка Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани се засолнија од тоа скверно жртвопринесување и се сокрија. Но ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Света Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ? се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ? се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да ? се покоруваме туку треба и да ? се противиме.“ Тогаш Приск ги удираше на разни маки, и тоа деветнаесет дена наред, секојдневно. Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да ? ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството. Но бидејќи сите лаксања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата. Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји ? се јави и го искрши тркалото. Потоа ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана. Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот. Потоа Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото. Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 11 јули.
Тропар
Возљубувајќи Го Твојот Женик, Христос, светлата твоја свеќа ја подготви, но заблескаа твоите добродетели, сефална Ефимијо, со тоа ти за Него се оневести, венец за страдањата од Него примајќи. Затоа од беди избави нe нас, кои со вера го чуваме твојот свет спомен.
Преподобен Доротеј
Мисирски пустиножител. Цели шеесет години се подвизувал во една келија во Тиваида. Се одликуваше со необично трудољубие и со чудотворство. Дење им ѕидаше келии на новите монаси, а ноќе плетеше асури, никако не прекинувајќи ги молитвите и псалмопението.
Тропар
Ревносен подвижнику Христов, кој крстот свој го понесе и на него ја распна сета напаст демонска, Доротее преподобен оче, одмор на очи не даде, малаксаност на раце не призна, целиот на Христа се предаде, а Он ти подари небесна висина, оставајќи ни го нам твојот живот Нему угоден и молитва твоја која ги избавува сите оние кои тебе во неволја те повикуваат.
Свети Кипријан, митрополит Киевски
Родум од Трново, но српски воспитаник на Атон. Се бавеше особено со преведување и препишување книги. Покровител му беше Филотеј, Патријархот Цариградски, кој кога го запозна на Света Гора, го зеде кај себе и потоа го испрати за митрополит во Киев. Како митрополит претрпе големи неволји, но сите ги поднесе благодушно и со својата плодотворна работа многу ? користеше на Руската Црква. Во митрополитскиот чин помина речиси триесет и шест години. Пред смртта напиша едно проштално слово, кое го прочитаа на неговиот гроб. Се упокои на 16 септември 1406 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во Успенската црква во Москва.
Тропар
Велик си ти пред Господа, пастиру Кипријане, поради љубовта и ревноста за Православната вера, а Главата, глава те постави над стадото свое во земјата ти доделена, во кој подвиг ти достојнославно Бога Го прослави. Радувај се наш учителе, радувај се чудотворче, кој плодови духовни на народ донесе и моли се за наше спасение.
Светата маченичка Људмила
Таа му е баба на Св. Вацлав, кралот чешки. Беше мажена за чешкиот кнез Боривој. Многу ревнуваше за Христовата вера и мнозина ги обрати од незнабоштво во христијанство. Снаа ? ја мразеше, па испрати луѓе што ја удавија старицата Људмила. Вацлав го погреба телото на Св. Људмила во црквата на Св. Георгиј во Прага. Од нејзините мошти се случија многу чуда. Пострада во Течино во 927 година. Св. Вацлав, големиот ревнител за православната вера, беше убиен од својот брат Болеслав.
Тропар
Не заборави Господ на Милосрдието од Него научено, на верувањето низ дела докажано, на чистотата брачна од Него озаконета, о Људмило слугинко ревносна, од Методиј великиот ободрена на Бога да послужиш. Моли се за нас, слугинко Христова, која венец маченички подарен доби од ризницата на Љубовта.