Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 22/10/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос. Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

Тропар
Славата Божја која небесата ја вознесуваат, ја возвестуваше ти о апостоле и мачениче Христов Јакове, проповедајќи ја науката за бесмртноста и слободата, ја посведочи љубовта која како благодат се излива на родот човечки, а на тие кои ќе поверуваат им носи спасение. Моли се, свети апостоле, да го запазиме печатот на крштението неповреден.

Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија

Антиохиски граѓани од времето на Теодосиј Велики. Андроник беше златар по занает. И тој и жена му беа многу благочестиви и непрестајно се трудеа да одат по патот Господов. Од својата заработка една третина им даваа на сиромашните, друга на Црквата, а со третата се издржуваа. Откако им се родија две деца, се договорија да живеат како брат и сестра. Но по неиспитливата Божја Промисла децата им умреа во еден ден двете. И родителите беа во голема тага с ? додека Светиот маченик Јулијан не ? се јави на Анастасија на гробиштата и не ја утеши со веста дека нивните деца се во Царството Божјо и дека им е подобро таму одошто со родителите на земјата. По ова обајцата оставија с ? и појдоа во Мисир, каде што примија монашки чин - Андроник кај Старец Даниил во Скитот, а Анастасија во женскиот манастир во Тавенисиот. Откако му угодија на Бога со своите долгогодишни подвизи, се преселија во Царството Небесно, најпрво Св. Анастасија, а потоа осум дена по неа и Св. Андроник.

Тропар
О возвишено молчание, кое до Христа ве возведе вас, брачните Андроник и Атанасија, во ангелски лик кој војува против страстите и непријателот на човековото спасение. За нас молете се достојнославни подвижници, благодатта со која Христос ве обви да ги поведе нашите стапки по патот на спасението.

Светите праведни Авраам и Лот

Нивните жтитја се впишани во Првата книга Мојсеева од Стариот Завет.

Тропар
Благословен од Господа, Кој те умножи и преумножи, и завет со тебе довека направи, Аврааме слуго на Севишниот, чие гостопримство кон Троичниот пат наш стана кон Бога и ближниот, и чија вера без плод не остана: Отецот, Синот Свој Единороден не Го поштеди, и Духот Кој во животот земен те водеше, Црквата Негова ја устрои. Спомни н? сега пред престолот на Вечноста, нас кои припаѓаме пред Пресвета Троица.***Верата твоја во Господа ти го отвори патот кон Животот и ти не се сврте назад, туку стигна во Божјите дворови не прашувајќи го телото, туку волјата на Оној Кој Е и сe исполнува. Затоа, праведен Лоте, моли се секирата да се отстрани од синовите на непокорноста.

Свети Димитриј, патријарх Александриски

Единаесетти александриски патријарх после Светиот евангелист Марко. Долго и мудро управуваше со своето стадо, и тоа од 189 г. до 231 г. Во негово време на барање на Индијците за проповед на Евангелието во Индија беше пратен Св. Пантен, раководителот на прочуената катихетска школа во Александрија. Пантен во Индија го пронајде Евангелието напишано од Свети Матеј на еврејски јазик.

Свети Стефан, деспот српски

Син на деспотите Ѓурѓе и Јерина. Со својата сестра Мара извесно време живееше на дворецот на султанот Мурат II. Во Едрене го ослепија заедно со неговиот брат Гргур. Деспотската власт над Србија ја прими во 1458 година. Наскоро мораше да се засолни од својата земја во Албанија, каде што се ожени со Ангелина, ќерка на Скендербег. Слеп и несреќен, но постојано предаден на Бога, се упокои во 1468 година во Италија. Неговите мошти почиваат во Крушедол, ктиторство на неговиот син Св. Максим.

Тропар
Православното твое живеење мир на душата твоја донесе, и благодатта Господова очи ти отвори, дарови благодатни Бога да Го спознаеш во Неговата милост. Затоа Стефане Христов угодниче, моли се за нас кои чесниот спомен твој го чествуваме и Господа преку тебе Го прославуваме.