12:6-14
6. | Според дадената благодат имаме разни дарови: ако е до пророштво, тогаш нека биде според верата; |
7. | служба ли, нека служи; учител ли е – нека учи; |
8. | наставник ли е – нека утешува; дарител ли, нека дарува; управител ли е, нека управува; кој што прави, нека го врши тоа со добра волја. |
9. | Љубовта нека не биде лицемерна; отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто; |
10. | еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. |
11. | Во усрдноста да не сте мрзливи; духот да ви биде пламенен; служете Му на Господа; |
12. | бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; |
13. | помагајте им на светиите во нивните нужди; трудете се да бидете гостопримливи; |
14. | благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги, но не и да ги колнете. |