15:1-7
1. | Ние силните должни сме да ги поднесуваме немоштите на слабите, и да не угодуваме на себеси: |
2. | секој од вас должен е на својот ближен да му угодува во доброто за поука. |
3. | Оти и Христос не угоди на Себеси, па како што е напишано: „Хулењата на оние, што Те хулеа, паѓаа врз Мене”. |
4. | А сe, што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж. |
5. | А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие помеѓу себе, според примерот на Христа Исуса, |
6. | та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос. |
7. | Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за славата Божја. |