Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните
 

 

Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

1:10-18

10. Браќа, ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате едно и исто, и помеѓу вас да нема делење, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла.
11. Оти од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека помеѓу вас имало карање.
12. А ова ви го велам, затоа што еден од вас вели: „Јас сум Павлов”, друг: „А јас сум Аполосов”, трет: „Јас сум на кифа”, а друг: „Јас, пак, Христов”.
13. Па зар Христос да се раздели? Дали Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово се крстивте?
14. Му благодарам на Бога, што од вас никого не сум крстил, освен Криспа и Гаја,
15. та никој не рече, дека сум крстил во свое име.
16. Го крстив исто така и домот на Стефанин, а дали сум крстил и некој друг, не знам.
17. Зашто Христос не ме прати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и тоа не со премудри зборови, за да не ја изгуби силата крстот Христов.
18. Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.