1:1-8
1. | Првата книга, о Теофиле, ја напишав за сe она што Исус почна и да врши и да учи, |
2. | до денот, кога се вознесе. откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, што беше ги избрал, |
3. | а на кои им се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им се преку четириесетте дни и зборувајќи им за царството Божјо. |
4. | И собирајќи ги, Он им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! |
5. | Зашто Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.” |
6. | А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево?” |
7. | И Он им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; |
8. | но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата.” |