4:9-16
9. | Мислам, дека нас апосотолите, Бог нe постави најпоследни, како осудени на смрт; бидејќи станавме призор на светот – на ангелите и на луѓето. |
10. | Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. |
11. | До овој час ние и гладуваме, и жедуваме, и необлечени одиме, се мачиме и се потураме по светов, |
12. | но се трудиме, работејќи со своите раце. Кога нe укоруваат, ние благословуваме, а кога нe гонат – трпиме; |
13. | кога хулат на нас, ние се утешуваме. Станавме како сметиште на овој свет, како отпад на сите луѓе. |
14. | Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве поучам како мои омилени чеда. |
15. | Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието. |
16. | Затоа, ве молам, подражавајте ме мене, како што јас – Христа. |