Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните
 

 

Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

9:2-12

2. Ако на други не сум апостол, но на вас сум, бидејќи печатот на моето апостолство сте вие во Господа.
3. Тоа е мојата заштита против оние што ме осудуваат.
4. Зар немаме право да јадеме и да пиеме?
5. Зар немаме право да водиме со себеси една жена сестра, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?
6. Или само јас и Варнава немаме право ова да го правиме?
7. Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не јаде од неговото млеко?
8. Зар го зборувам ова само по човечки? Не го вели ли истото и Законот?
9. Бидејќи во Мојсеевиот закон е напишано: „Не врзувај ја устата на вол, што врши”. Зар Бог се грижи за воловите?
10. Или го вели тоа, главно, за нас? – Да, за нас е напишано тоа; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и кој што врши, да врши со надеж, за да го добие она, што го очекува;
11. ако сме го посеале при вас духовното семе, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното?
12. Ако други имаат дел во она, со што располагате вие, тогаш колку повеќе ние? Но, ние не го користевме тоа право, туку сe трпиме, за да не направиме некаква пречка на Христовото Евангелие.