15:1-11
1. | Браќа, ви напомнувам за Евангелието, Кое ви го проповедав а Кое вие го примивте и во Кое стоите. |
2. | Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. |
3. | Ви го предадов најнапред она, што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; |
4. | дека Он беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, |
5. | и дека му се јави на Кифа и потоа на единаесетте; |
6. | после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа; |
7. | потоа му се јави на Јакова и на сите апостоли, |
8. | а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче, |
9. | зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква. |
10. | Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не остана празна, но повеќе се потрудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене. |
11. | И така, било јас, или тие, така проповедаме, и вие така поверувавте. |