9:6-11
6. | Ова, пак, ви го велам: кој скржаво сее, скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее. |
7. | Секој да дава од сe срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава. |
8. | А Бог е силен да умножи во вас секаква благодат, та, имајќи секогаш доволно сe, да бидете од сe срце дарежливи во секое добро дело, |
9. | како што е напишано: „Растури, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна”. |
10. | А Оној, Кој му дава на сеачот семе, ќе му даде и леб за храна; Он ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да израсте житото на вашата правда, |
11. | па во сe да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. |