5:12-20
12. | А преку рацете на апостолите се појавуваа знаци и стануваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов. |
13. | Но од другите, пак, никој не смееше да се допре до нив; а народот ги величаше. |
14. | И сe повеќе се зголемуваа оние, што веруваа во Господа, мноштво луѓе и жени, |
15. | така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив. |
16. | А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи болни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа. |
17. | Тогаш првосвештеникот и сите, што беа со него, припадници на садукејската ерес, станаа и се исполнија со завист, |
18. | и ги кладоа рацете свои на апостолите и ги фрлија во општиот затвор. |
19. | Но, преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изведе, им рече: |
20. | Отидете и застанете во црквата, и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој благодатен живот! |