5:8-19
8. | Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа: живеете како деца на светлината! |
9. | Зашто плодот на Духот се состои во секое добро, правда и вистина - |
10. | и испитувајте сe што Му е на Бога угодно! |
11. | Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! |
12. | Оти за она, што го прават нечестивите скришум, срамно е и да се зборува. |
13. | А сe, што е за изобличување, светлината го открива; бидејќи сe што е јавно, светлина е. |
14. | Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!” |
15. | Па така, гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри; |
16. | ползувајте го времето, зашто дните се лукави. |
17. | Затоа немојте да бидете нерасудливи, туку распознајте што е волјата Божја! |
18. | И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух, |
19. | усовршувајќи се со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши; |