6:1-7
| 1. | Кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите дека при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици. | 
| 2. | Тогаш дванаесетте, штом го свикаа целото мноштво ученици, рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да се грижиме околу трпезите. | 
| 3. | Затоа, браќа, изберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух Свети и мудрост, што ќе ги поставиме на таа служба; | 
| 4. | а ние постојано ќе пребиваме во молитва и служба на словото.” | 
| 5. | Овој предлог му се свиде на сиот народ; па ги избра: Стефана, човек исполнет со вера и Дух Свети, и Филипа, и Прохора, и Никанора, и Тимона, и Пармена, и Николаја, придојден, од Антиохија; | 
| 6. | нив ги претставија пред апостолите, а овие, штом се помолија, ги положија рацете над нив. | 
| 7. | И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство на свештеници се покоруваа пред верата. |