6:12-20
12. | Сe ми е позволено, но не е сe полезно; сe ми е позволено, но ништо не сакам да завладее над мене. |
13. | Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе го уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господа, и Господ – за телото. |
14. | А Бог и Господа Го воскресна, и нас ќе нe воскресне со силата Своја. |
15. | Зар не знаете, дека телата ваши се Христови членови? Ќе ги земам ли членовите Христови и да ги направам членови на блудница? Тоа никако! |
16. | Или, пак, не знаете, дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело”. |
17. | А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него. |
18. | Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело. |
19. | Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси? |
20. | Скапо сте купени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји. |