Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните
 

 

Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

8:8-13;9:1-2

8. Храната не нe приближува кон Бога, оти ниту што добиваме, ако јадеме, ниту нешто губиме, ако не јадеме.
9. Но пазете се, пак, таа ваша слобода да не стане некако соблазан за слабите.
10. Зашто ако некој те види тебе, што знаеш, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи слаба, да се одлучи, та и тој да јаде идолски жртви?
11. И при твоето знаење ќе загине немоќниот браат, за кого умрел Христос.
12. И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, вие грешите против Христа.
13. Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат.
1. Не сум ли јас апостол? Не сум ли слободен? Не Го видов ли Исуса Христа, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господа?
2. Ако на други не сум апостол, но на вас сум, бидејќи печатот на моето апостолство сте вие во Господа.