Послание на светиот апостол Павле до Евреите
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Календар, житија, пости
Почеток
 

11:24-26;11:32-40;12:1-2

24. Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка
25. и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да има преодна гревовна наслада;
26. хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство, отколку сокровиштата на Египет; оти предвид ја имаше наградата.
32. И што уште да кажам? Оти не ќе имам доволно време, да прикажувам за Гедеона, Варака, Самсона и Јефтаја, за Давида и Самуила и другите пророци,
33. кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија уста на лавови;
34. угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
35. жени примија свои умрени воскреснати; други пак, беа мачени и не примија ослободување, за да добијат подобро воскресение;
36. а други поднесоа подигрување и бичување, па дури и окови и затвор;
37. со камења беа отепувани, со пила резани, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам -
38. оние, за кои свето беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и земни бездни.
39. И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
40. оти Бог за нас предвиде нешто подобро, та тие без нас да не постигнат совршенство.
1. Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нe окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба,
2. имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.