1:10-14;2:1-3
| 10. | И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; | 
| 11. | тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; | 
| 12. | ќе ги свиткаш какок наметало, и тие ќе се изменат: но Ти си секогаш Ист, и Твоите години нема да се свршат”. | 
| 13. | А накого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна стрна, дури непријателите Твои не ги ставам во подножјето на нозете Твои”? | 
| 14. | Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението? | 
| 1. | Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она, што го чувме, па да не би некако да отпаднеме. | 
| 2. | Оти, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна отплата, | 
| 3. | како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение, кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него, |