Послание на светиот апостол Павле до Евреите
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Календар, житија, пости
Почеток
 

4:14-16;5:1-6

14. Имајќи Го големиот Првосвештеник, Кој преминал преку небесата, Исуса, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.
15. Оти, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да не соучествува во нашите слабости, туку таков, Кој искусил сe како и ние, освен грев.
16. И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.
1. Зашто секој првосвештеник, кој од луѓе се избира, за луѓето се поставува на служба Божја, да принесува дарови и жртви за гревовите,
2. и да може да ги разбира оние, што се неумешни и заблудени, бидејќи и сам е со слабости;
3. и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви.
4. И никој сам не се здобива со таква чест, освен оној, кој е повикан од Бога, како и Арон.
5. Така и Христос не се прослави Сам Себеси, за да биде првосвештеник, туку Го прослави Оној, Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес”
6. како што е на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.”