6:13-20
13. | Бог, кога му ветуваше на Авраама, бидејќи немаше ништо поголемо, во што би се заколнал, се заколна во Себеси, |
14. | велејќи: „Навистина ќе те благословам и преблагословам, ќе те размножам и преумножам”, |
15. | и така, со долго трпение, тој го доби ветеното. |
16. | Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и клетвата како потврда на секоја нивна препирка тура крај. |
17. | Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше нарочно да им ја покаже Својата неизменлива волја, посведочи со клетва, |
18. | та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои што прибегнуваме да се прифатиме за надежта, што ни е дадена, |
19. | а која е за нашата душа цврст и сигурен ленгер, и кој влегува дури зад завесата, |
20. | каде што Исус за нас влезе најнапред, откако стана вечен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков. |