7:7-17
| 7. | Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголемиот. |
| 8. | И така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има сведоштво, дека е жив. |
| 9. | И, така да речам, Левиј, кој прими десетоци, и сам даде десеток преку Авраама, |
| 10. | бидејќи уште беше во бедрата на татка си, кога го сретна Мелхиседек. |
| 11. | Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседека, и да се нарече по чинот на Арона? |
| 12. | Оти, кога ќе се промени свештенството, тогаш станува потреба да се измени и законот. |
| 13. | А Оној, за Кого се зборува ова, се вбројуваше во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот; |
| 14. | зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол. |
| 15. | И уште појасно станува тоа, кога се воздига слично на Мелхиседека друг свештеник, |
| 16. | кој станал таков не по силата на телесна заповед, туку по силата на вечниот живот. |
| 17. | Оти се посведочи: „Ти си вечен свештеник по чинот на Мелхиседека.” |