Послание на светиот апостол Павле до Евреите
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Календар, житија, пости
Почеток
 

2:11-18

11. Бидејќи Оној, што осветува, и оние, што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:
12. Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, насред црква ќе Те воспеам.
13. И пак: „Јас ќе се надевам на Него”. И одново: „Ете Ме мене и децата Мои, што Ми ги даде Бог”.
14. А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;
15. и да ги избави оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.
16. Оти, навистина, не од ангели прими природа, а од потомството на Авраама прими;
17. затоа должен беше во сe да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни.
18. Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.