15:43-47;16:1-8
43. | дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели и влезе при Пилата и го помоли за телото Исусово. |
44. | Пилат се зачуди дека Он веќе умрел: и кога го извика стотникот, го праша дали одамна умрел. |
45. | Па штом узна од стотникот, му го даде телото на Јосифа. |
46. | А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа; и навали камен на гробната врата. |
47. | А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа, каде Го полагаат. |
1. | Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса. |
2. | И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето. |
3. | па си зборуваа помеѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?” |
4. | И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем. |
5. | Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу. |
6. | А тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен. |
7. | Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.” |
8. | Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја. |