Свето евангелие според светиот апостол Јован
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Јован

Календар, житија, пости
Почеток
 

5:1-15

1. Потоа беше празник јудејски, и се искачи Исус во Ерусалим.
2. А во Ерусалим, при Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, со пет тремови.
3. Во нив лежеа мнозина болни, слепи, хроми, суви, кои очекуваа да се раздвижи водата,
4. зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква и да било болест да боледуваше.
5. Имаше таму и еден човек, кој боледувал триесет и осум години.
6. Исус, кога го виде како лежи и штом узна дека од многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?”
7. Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се замати водата; додека, пак, јас дојдам, друг слегува пред мене.”
8. Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!”
9. И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.
10. Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!”
11. Но тој им одговори: „Оној, што ме излекува, ми рече: »Земи ја постелката своја и оди!«“
12. А тие го прашаа: „Кој е човекот што ти рече: »Земи ја постелката своја и оди?«“
13. Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше отстранил, оти на тоа место имаше многу народ.
14. А потоа Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!”
15. А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној, што го излекувал.