4:5-42
| 5. | И така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на сина си Јосифа. | 
| 6. | Таму беше изворот на Јакова. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час. | 
| 7. | Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ? рече: „Дај Ми да пијам!” | 
| 8. | А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. | 
| 9. | Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, бидејќи Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?” – Оти Јудејците со Самарјаните не се мешаат. | 
| 10. | Исус ? одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Оној што ти вели: »Дај Ми да пијам« – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива.” | 
| 11. | Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпиш, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш вода жива? | 
| 12. | Зар си Ти поголем од нашиот татко Јакова, кој ни го даде овој кладенец! И сам тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!” | 
| 13. | Исус ? одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; | 
| 14. | а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен.” | 
| 15. | Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!” | 
| 16. | Исус ? рече: „Оди, повикај го мажа си и дојди тука!” | 
| 17. | Жената одговори и Му рече: „Немам маж.” Исус ? рече: „Право кажа дека немаш маж; | 
| 18. | зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.” | 
| 19. | Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк. | 
| 20. | Нашите татковци се клањаа во оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се клањаме.” | 
| 21. | Исус ? рече: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. | 
| 22. | Вие му се клањате на она, што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. | 
| 23. | Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат. | 
| 24. | Бог е Дух и оние, што Му се клањаат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.” | 
| 25. | Жената Му рече: „Знам оти ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Он, сe ќе ни каже.” | 
| 26. | А Исус ? рече: „Јас сум, Кој зборувам со тебе.” | 
| 27. | И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жената; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?” или „Што зборуваш со неа?” | 
| 28. | А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето: | 
| 29. | Дојдете, видете Го човекот, Кој ми кажа сe што сум направила. Да не е Он Христос? | 
| 30. | Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него. | 
| 31. | Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!” | 
| 32. | Но Он им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.” | 
| 33. | Тогаш учениците си проговорија помеѓу себе: „Освен ако Му донел некој да јаде?” | 
| 34. | А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело. | 
| 35. | Не велите ли вие, дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А Јас, пак, ви кажувам: подигнете ги очите свои и видете ги нивите како побелеле, готови се за жетва. | 
| 36. | И жетварот веќе добива награда и собира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. | 
| 37. | Зашто во ова вистинска е поговорката: »Еден сее, а друг жнее.« | 
| 38. | Јас ве пратив да жнеете, каде што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.” | 
| 39. | И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Ми кажа сe што сум направила.” | 
| 40. | Кога дојдоа, пак, Самарјаните при Него, Го помолија да остане кај нив. И Он остана таму два дена. | 
| 41. | И уште повеќе поверуваа поради словото Негово; | 
| 42. | а на жената ? велеа: „Сега веќе не веруваме од твоето кажување, оти сами чувме и знаеме дека е Он Спасителот на светот, Христос.” |