7:37-52;8:1-12
37. | А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: „Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие! |
38. | Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.” |
39. | А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. |
40. | А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина, Овој е пророк!” |
41. | Други велеа: „Овој е Христос.” А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? |
42. | Не е ли речено во Писмото: дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од грачето Витлеем, од каде што беше Давид?” |
43. | И така настана во народот распавија за Него. |
44. | А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. |
45. | Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?” |
46. | А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.” |
47. | Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие? |
48. | Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него? |
49. | Но овој народ, што не го знае Законот, е проклет.” |
50. | Никодим, пак, кој беше отишол при Него ноќе, а беше еден од нив, им рече: |
51. | Осудува ли нашиот Закон човек, дури најнапред не го сослушаат и не узнаат што прави? |
52. | А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и види дека пророк од Галилеја не се јавил.” |
1. | А Исус отиде во Елеонската Гора. |
2. | Утредента пак дојде во храмот и сиот народ доаѓаше при Него. А Он седна и гипоучуваше. |
3. | Тогаш книжниците и фарисеите доведоа при Него една жена, фатена во прељубодејство; па како ја изведоа насреде, |
4. | Му рекоа: „Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. |
5. | А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш?” |
6. | Тоа го рекоа за да Го искушаат и да Го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува по земјата, не гледајќи ги. |
7. | Но кога продолжија да Го запрашуваат, Он се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!” |
8. | И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. |
9. | А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните; остана Исус Сам со жената, која стоеше насреде. |
10. | А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ? рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?” |
11. | А таа рече: „Никој, Господи.” Тогаш Исус ? рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.” |
12. | И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот.” |