10:32-33;10:37-38;19:27-30
32. | И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен. |
33. | А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен. |
37. | Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; |
38. | и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. |
27. | Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сe и по Тебе одиме: што ќе стане, пак, со нас?” |
28. | А Исус им рече: „Вистина, ви велам, дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја ќе седнете и вие дванаесетте Израилеви колена; |
29. | и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен. |
30. | И мнозина први ќе бидат последни, а последните први.” |