6:22-33
22. | Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; |
23. | ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? |
24. | Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. |
25. | Затоа ви велам: немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеклото? |
26. | Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? |
27. | А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? |
28. | Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; |
29. | но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; |
30. | па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!? |
31. | Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? |
32. | Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. |
33. | Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде. |