9:1-8
1. | Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град. |
2. | И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!” |
3. | Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.” |
4. | А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? |
5. | Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«? |
6. | Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!” |
7. | И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. |
8. | А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето. |