Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

14:22-34

22. И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.
23. Па штом го распушти народот, Он се искачи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.
24. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше спротивен.
25. Но на четвртата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето.
26. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение” и од страв извикаа.
27. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!”
28. А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!”
29. И Исус му рече: „Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса;
30. но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: „Господи, спаси ме!”
31. Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?”
32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33. А оние, што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Син Божји!”
34. Па откако преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска.