17:14-23
14. | Кога дојдоа при народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена |
15. | и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода; |
16. | го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.” |
17. | А Исус одговори и рече: „О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!” |
18. | И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час. |
19. | Тогаш учениците пристапија кон Исуса насамо и Му рекоа: „Зошто не можевме ние да го истераме?” |
20. | А Исус им рече: „Заради вашето неверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ? речете ли на оваа планина: »Премести се одовде таму?« и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно. |
21. | Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.” |
22. | А кога беа во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, |
23. | и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.” И тие многу се нажалија. |