Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

18:23-35

23. Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги.
24. Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти;
25. па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сe што имаше, за да наплати.
26. Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се клањаше говорејќи: »Господаре, стрпи се спрема мене и сe ќе ти платам.«
27. А Господарот на тој слуга, кога се смилува, го пушти и му го прости долгот.
28. Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: »Исплати ми што ми должиш!«
29. Тогаш неговиот другар падна ничкум пред нозете негови, го молеше и велеше: »Стрпи се спрема мене и сe ќе ти исплатам!«
30. Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, дури не му го исплати долгот.
31. Другарите, пак, негови, кога го видоа тоа што стана, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сe што се случи.
32. Тогаш господарот негов го повика и рече: »Лукав слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше;
33. не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар, како што се смилив и јас над тебе?«
34. И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг.
35. Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си.”