Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука
 

 

Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука

Календар, житија, пости
Почеток
 

20:16-18;20:28-36

16. Во оние дни Павле реши да помине покрај Ефес, та да не се задржи многу во Азија, зашто брзаше, ако му биде можно во Ерусалим да се најде за денот на Педесетница.
17. Но од Милит прати во Ефес покани до свештениците црковни.
18. И кога дојдоа при него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, кога стапив во Азија, постојано бев со вас,
28. Пазете, пак, на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави за епископи, за да ја пасете црквата на Господа и Бога, која ја придоби Он со Својата крв.
29. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат помеѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
30. а и од вас самите ќе станат луѓе, што ќе зборуваат изопачено, за да ги одвратуваат учениците заедно со себеси.
31. Затоа бидете будни и помнете, дека цели три години дење и ноќе не престанував со солзи да поучувам секого од вас.
32. А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото на Неговата благодат; Он може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите осветени.
33. Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;
34. сами знаете, дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми послужија овие мои раце.
35. Со сe ви покажав, дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, а исто така и да ги помните зборовите на Господа Исуса, зашто Сам Он рече: »Поблажено е да се дава, отколку да се зема«.”
36. Кога го рече тоа, падна на колена и се помоли заедно со нив.