12:16-21
16. | И им кажа парабола и им рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу; |
17. | и мислеше во себе, велејќи: »Што да правам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.« |
18. | Па рече – вака ќе направам: »ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, |
19. | и ќе ? речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!« |
20. | Но Бог му рече: »Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?« |
21. | Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.” |