17:12-19
12. | И кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку, |
13. | па со силен глас повикаа: „Исусе Наставниче, смилуј се!” |
14. | Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!” И тие, одејќи, се очистија. |
15. | А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се поврати и Го прослави Бога гласно; |
16. | и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин. |
17. | Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината? |
18. | Како не се најдоа да се вратат и другите и да Му заблагодарат на Бога, туку само овој туѓинец?” |
19. | И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!” |