Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

25:31-46

31. А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32. и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33. и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.
34. Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: »Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот;
35. оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте;
36. необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.«
37. Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: »Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?
38. Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?
39. Кога Те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?«
40. А Царот ќе им одговори и рече: »Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.«
41. Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: »Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели.
42. Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;
43. странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.«
44. Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: »Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор, и не Ти послуживме?«
45. Тогаш ќе им одговори и рече: »Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле.«
46. И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.”