12:1-18
1. | На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. |
2. | Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата. |
3. | А Марија, како зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови; и куќата се исполни со мирис од мирото. |
4. | Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариот, кој што подоцна Го предаде, рече: |
5. | Зошто не се продаде ова миро за триста динарии, и да се раздадеше на сиромаси? |
6. | Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она, што пуштаа во него. |
7. | А Исус рече: „Оставете ја! Таа го запазила тоа за денот на Моето погребение; |
8. | оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.” |
9. | Мнозина од Јудејците разбраа дека е Исус таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого Он го воскресна од мртвите. |
10. | А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазара, |
11. | зашто мнозина од Јудејците се одделуваа поради него и веруваа во Исуса. |
12. | На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја деда Исус доаѓа во Ерусалим, |
13. | зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и викаа, велејќи: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!” |
14. | А Исус, кога најде едно осле, седна на него, како што е напишано: |
15. | »Не бој се, ќерко Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на осле.« |
16. | Но ова учениците Негови не го разбраа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него, е дека тоа Му го направија. |
17. | Народот, што беше со Него кога го извика Он Лазара од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше. |
18. | Затоа и Го пречека народот, оти беше чул дека тоа чудо Он го направи. |