2:22-40
| 22. | И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според законот на Мојсеја, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господа, |
| 23. | како што е напишано во Законот Господов, дека секое машко дете, кое прво ќе ја отвори утробата, да се посвети на Господа; |
| 24. | и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две грлици или две гулапчиња. |
| 25. | А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек беше праведен и благочестив; и ја очекуваше утехата Израилева; и Светиот Дух беше во него. |
| 26. | Нему Светиот Дух му беше прорекол оти нема да види смрт, дури не Го види Христа Господов. |
| 27. | И дојде по вдахновение во храмот. Па, кога родителите Го донесоа Младенецот Исуса за да го извршат над Него обичајот, според Законот, |
| 28. | тој Го зеде во своите раце, Му благодари на Бога и рече: |
| 29. | Сега го отпушташ Својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои; |
| 30. | зашто очите мои го видоа спасението Твое, |
| 31. | што си го приготвил пред лицето на сите народи: |
| 32. | светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израилот.” |
| 33. | А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што се зборуваше за Него. |
| 34. | Па ги благослови Симеон и ? рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот, |
| 35. | А и на тебе самата меч ќе ти ја прободе душата за да се откријат мислите на многу срца.” |
| 36. | Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото колено; и беше многу остарела, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое. |
| 37. | Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години и не се отстрануваше од храмот, служејќи Му на Бога со пост и молитва, дење и ноќе. |
| 38. | Во тој час пристапи и таа, и почна да Го слави Господа и им прикажуваше за Него на сите, што чекаа спасение во Ерусалим. |
| 39. | И кога извршија сe по Законот Господов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет. |
| 40. | А Младенецот растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со премудрост; и благодатта Божја беше врз Него. |