11:33-40;12:1-2
33. | кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија уста на лавови; |
34. | угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски; |
35. | жени примија свои умрени воскреснати; други пак, беа мачени и не примија ослободување, за да добијат подобро воскресение; |
36. | а други поднесоа подигрување и бичување, па дури и окови и затвор; |
37. | со камења беа отепувани, со пила резани, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам - |
38. | оние, за кои свето беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и земни бездни. |
39. | И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното, |
40. | оти Бог за нас предвиде нешто подобро, та тие без нас да не постигнат совршенство. |
1. | Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нe окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, |
2. | имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. |