2:10-16
10. | Слава и чест и мир на секого, што прави добро, прво на Јудеец, а потоа и на Елин; |
11. | зашто Бог не гледа на лице. |
12. | Оние, што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние, што згрешиле при Закон, според Законот ќе бидат и судени, |
13. | бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот; |
14. | зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сe по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон; |
15. | поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат |
16. | во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето. |