5:1-10
1. | И така, бидејќи оправдани со верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исуса Христа, |
2. | преку Кого со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме со надежта во славата Божја. |
3. | Но не само тоа, туку се фалиме и со маките, знаејќи, дека од маката се раѓа и трпението; |
4. | од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж; |
5. | надежта, пак, не посрамува, зашто љубовта Божја се излеа во нашите срца преку Духот Свети, Кој ни беше даден. |
6. | Оти, уште кога бевме немоќни, Христос во определено време умре за безбожниците. |
7. | За праведник одвај ли некој да умре; за добар, можеби, некој и да се реши да умре. |
8. | Но, Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. |
9. | Затоа сега, откако се оправдавме со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот. |
10. | Оти, ако како непријатели, се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле. |