15:21-28
21. | И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска. |
22. | И ете, една жена Хананејка, како излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес.” |
23. | Но Он не ? одврати ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, оти вика по нас.” |
24. | А Он одговори и рече: „Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израилев.” |
25. | Но таа, кога пристапи, Му се клањаше и велеше: „Господи, помогни ми!” |
26. | А Он, одговарајќи ? рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.” |
27. | Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.” |
28. | Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!” И во тој час оздраве ќерката нејзина. |