3:13-19
| 13. | Потоа се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои Сам ги одбра, и тие дојдоа при Него. |
| 14. | Избра дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат; |
| 15. | и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат бесови: |
| 16. | првиот Симон, кого го нарече Петар; |
| 17. | па Јаков Зеведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи: синови на громот; |
| 18. | потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит |
| 19. | и Јуда Искариотски, кој и Го предаде. |