8:16-21
16. | Никој кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. |
17. | Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. |
18. | Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.” |
19. | Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. |
20. | И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.” |
21. | А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.” |